Платформата „Студентарија“, објави снимка, добиена од повеќе студенти на која се гледа како глувци се движат по таванот на тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје.
Според станарите, проблемот бил пријавен уште претходно, но наместо интервенција, добиле циничен одговор и отров кој самите студенти требало да го постават за да ги истребат глодарите.
/
Оваа снимка, како што се наведува, уште еднаш го отвора прашањето за условите во кои живеат студентите, по серијата извештаи и фотографии за нехигиена и лоши услови кои пристигнуваа и од други студентски домови во изминатиот период. Според тврдењата на студентите, проблемот бил веднаш пријавен кај службите во домот.
Меѓутоа, наместо соодветна интервенција и дератизација, тие наишле на несоодветен и омаловажувачки одговор. „’Од глувци ли се плашите?’, бил одговорот што го добиле студентите од службите во домот откако пријавиле дека во тоалетот им се наоѓаат група глувци,“ се вели во објавата.

