Гневот и револтот на родителите на загинатите во Кочани биле со политичка заднина, тврди Владата

Фотографија на Ванчо Џамбаски
Фотографија на Ванчо Џамбаски

Гневот, револтот и големото незадоволство што вчера го искажаа родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ за време на нивниот марш во Кочани биле поврзани со некаква политичка заднина. Тоа го тврдеше денеска портапорлката на Владата, Марија Митева.

Вчера родителите побараа оставки од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради селективната истрага и отсуството на емпатија на највисоките функционери во власта. Таткото на загинатиот тапанар на групата „ДНК“ ја нарече Сиљановска „маќеа“, а не мајка на нацијата и гневно ја искина поканата што дошла од нејзиниот кабинет за средба без да има личен потпис на претседетелката.

Митева повтори дека Владата ја разбира болката на семејствата, но на собирот биле слушнати „лични напади кои политички структури имаат за цел да ги искористат во некоја политичка позадина. Навистина жалам што некои политички структури имаат традиција на некрофили“, рече Митева без воопшто да одговори на тврдењата на родителите. Па дури и ги игнорираше, како да не беа искажани овие зборови на завиените во црно родители.

И наместо да одговорат на барањата за одговорност за премиерот Христијан Мицкоски и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради селективната истрага, како што сметаат родителите, од Владата најавија дека планираат одморалиштето Пониква да го стават на располагање на Министерството за здравство, со цел да се користи како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на лицата повредени во пожарот во Кочани.

Зачлени се на нашиот е-билтен