Голем тест за Македонија – дуел против ослабената Словенија

Фото: РФМ

Македонската ракометна репрезентација вечерва ја пречекува репрезентацијата на Словенија во третото квалификациско коло за пласман на Европското првенство 2026.

Ракометарите имаат победа над Естонија и пораз од Литванија во групата, а по одличното покажување на Светското првенство во јануари, тие имаат поголема самодоверба и се оптимисти за победа над Словенија.

Натпреварот се игра вечерва од 20 часот во Борис Трајковски, а Словенците во Скопје пристигнаа со многу проблеми и повредени играчи.

Од разни причини во Скопје нема да играат Доленец, Мачковшек, Цехте, Овничек, Ферлин, Новак, Хенигман, Кљун, Зарабец, Кавчиќ и Mитја Јанц.

„Имаме голем респект кон Словенија, тоа е сериозна репрезентација која не пропушта големи првенства, редовен учесник и на Олимписки игри, имаа добар олимписки циклус. Тоа е тим со квалитетни играчи и според мене е во Топ 10 репрезентациите. Ќе биде двомеч во кој ќе ни се пружи убава шанса да се надигруваме со нив. Првиот меч, пред полна сала имаме шанса не само да им отежниме, зошто да не се надеваме и на позитивен резултат“, вели Жарко Пешевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен