Гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Гостивар покрена истрага против 22-годишен маж од Гостивар под сомнение дека извршил силување врз 13-годишно девојче.

Според обвинителството, осомничениот и жртвата се запознале преку социјалната мрежа „Snapchat“. По неколку средби, девојчето одбило понатамошна комуникација, по што осомничениот започнал да врши притисок врз неа. На 2 јануари, тој ја принудил да ги напушти своите другари и да влезе во неговото возило. Таму, според наводите, ѝ го одзел мобилниот телефон, ѝ се заканувал и ја принудил на сексуален однос.

Јавниот обвинител побара притвор за осомничениот бидејќи би можел да се даде во бегство, да влијае врз детето-жртва и други сведоци или да го повтори делото.

Зачлени се на нашиот е-билтен