Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер обезбеди детални податоци од сите девет општини (Тетово, Гостивар, Теарце, Желино, Боговиње, Врапчиште, Брвеница, Јегуновце и Маврово и Ростуше). Најмногу потрошил градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, а најмалку градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани.
Кој, колку и на што потрошил, деталните податоци можете да ги прочитате во продолжение.

Најмногу потрошил градоначалникот на Тетово Биљал Касами, кој за три години за патни трошоци и за службени патувања потрошил 888.058 денари.
Од секторот за финансиски работи при општина Тетово за Порталб информираат дека Касами ги направил следниве трошоци: во 2022 година – 24.600 денари, во 2023 година – 363.458 денари и во 2024 година – 500.000 денари.
По Касами, најмногу потрошил градоначалникот на Општина Теарце, Нухи Незири. За три години тој потрошил 488.888 денари.
Во 2022 година градоначалникот на Теарце потрошил 216.650 денари за службени патувања, во 2023 година – 205.570 денари и во 2024 година – 66.668 денари.
Трет по ред на списокот на најголеми трошоци е градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу. Тој потрошил вкупно 359.000 денари.
Во 2022 година градоначалникот на Боговиње за гориво потрошил 110.000 денари и за патарини 2.500 денари. Во 2023 година за гориво потрошил 125.000 денари, а за патарини 3.500 денари. Во 2023 година тој потрошил 115.000 денари за гориво и за патарини (M-Tag) 3.000 денари.
Како што не информираа од Општина Боговиње, тој во овие три години немал службени патувања надвор од земјава.
Четврт на списокот е градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски. Тој потрошил вкупно 310.982 денари.
Во 2022 година градоначалникот на Јегуновце за гориво потрошил 85.000 денари, за службени патувања во земјава 14.196 денари, за службени патувања надвор од земјава 9.176 денари и за патарини 6.120 денари.
Во 2023 година за гориво тој потрошил 100.000 денари, а за патарини 7.160 денари.
Во 2024 година за гориво потрошил 80.000 денари, а за патарини 9.330 денари.
Градоначалникот на Општина Маврово и Рустуше, Медат Куртовски потрошил 285.103 денари.
Во 2022 година за службени патувања тој потрошил 82.300 денари за службени патувања во земјава, за патарини 4.050 денари, за службено патување во Турција 11.781 денари и за службено патување во Италија 15.253 денари.
Во 2023 година за службени патувања во земјава потрошил 100.800 денари, за патарини 3.790 денари и за службено патување во Турција 12.669 денари.
Во 2024 година за службени патувања во земјава потрошил 46.200 денари и за патарини 8.260 денари.
По него следуваат двајцата градоначалници на Општина Гостивар Арбен Таравари и Ваљбон Љимани. Тие потрошиле 252.078 денари. До промена на градоначалникот на оваа општина дојде поради фактот што Таравари беше именуван за министер за здравство.
„За 2022 година за службени патувања во земјава потрошил 2.837 денари, а за службени патувања надвор од земјава 31.480 денари. За 2023 година за службени патувања во земјава потрошил 2.410 денари, а за службени патувања надвор од земјава 79.511 денари. За 2024 година потрошил 2.540 денари за патување, за сместување 44.610 денари и 88.690 денари за службени патувања надвор од земјава”, велат од општина Гостивар.
Потоа следува градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски кој потрошил 212.087 денари.
Трошоците на градоначалникот на Општина Брвеница се однесуваат на трошоците за службени патувања надвор од земјава.
Претпоследен на овој список е градоначалникот на Општина Желино, Бљерим Сејдиу кој потрошил 120.521 денари.
„Градоначалникот на Општина Желино за патни трошоци (гориво, патарини и други службени патувања) потрошил: За 2022 година – 99.911 денари; 2023 – 0 денари; 2024 – 20.610 денари)”, информираат од општина Желино.
Најмалку потрошил градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани.
„Градоначалникот на Општина Врапчиште за годините 2022, 2023 и 2024 не потрошил повеќе од 10.000,00 денари месечно за гориво, а пак за патарините и другите службени патувања, платил сам”, ни рекоа од општина Врапчиште.
Државната комисија за спречување на корупцијата во овие три години не отворила ниту еден предмет за злоупотреба на јавните средства за патни трошоци и службени патувања од страна на градоначалниците на општините од Полошкиот регион.
Извор: Мета.мк