Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Граѓаните да внимаваат на финансиски имами поврзани со криптовалути и една банка

Министерството за внатрешни работи предупредува за измами со наводни „финансиски советници“ кои преку социјалните мрежи или телефонски јавувања нудат услуги за тргување со криптовалути.

Овие лица ги насочуваат жртвите да инсталираат непознат софтвер и да префрлат средства на сметки кои измамниците ги посочуваат.

Исто така НЛБ Банка апелира до клиентите да не инсталираат непознат софтвер на уреди кои ги користат за пристап до електронско или мобилно банкарство.

-Не префрлајте средства на сметки кои не ги познавате или за кои не знаете кому припаѓаат.
Не споделувајте податоци од вашата сметка или лични информации, дури и ако лицето се претставува како претставник на банката.Во случај на сомнеж, веднаш контактирајте ја банката на телефон 02/15600. Бидете внимателни и заштитете ги вашите лични податоци и финансии, се вели во пораката испратена до клинтите.

Зачлени се на нашиот е-билтен