Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Граѓаните по инспекциите на ДПИ – Цените се кренаа за 20-30 отсто

Иако државниот пазарен инспекторат тврди дека цените се намалени за 10 проценти, сепак зејтинот, детергентите, млекото, брашното – сè е поскапено, велат граѓаните. Наместо ветеното намалување на цените пред новогодишните празници, многу производи значително поскапеле, што предизвикува незадоволство кај потрошувачите.

„Рекоа дека ќе ги намалат цените. Ништо од тоа. Ретки се маркетите што навистина ги намалија,“ вели еден граѓанин, додека друг додава: „Тешко за нас сиромашните. Цените се кренаа за 20 до 30%. Со ниска пензија едвај преживуваме.“

Граѓаните се жалат дека високите цени им ја отежнуваат секојдневието, а многумина не можат да си дозволат ни скромни новогодишни подароци за своите деца.

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, во интервју за Алсат потврди дека инспекциите утврдиле раст на цените за производите што не се дел од новогодишната кошничка. „Производите што не се вклучени во кошничката поскапеа за 20-30%. Планираме да замрзнеме цени или да ограничиме маржи, слично на есенската кошничка каде што имаше 73 групи и околу 350 артикли,“ изјави Дурмиши.

Тој најави зголемени контроли на пазарите и поригорозни казни за прекршителите, кои ќе се движат од 1.000 до 10.000 евра. Мерките од законот за рестриктивни мерки треба да стапат на сила поНова година, со цел да се заштитат потрошувачите и да се спречи дополнителен раст на цените.

Зачлени се на нашиот е-билтен