Грција испрати воздушна и копнена помош за справување со големиот пожар што трет ден беснее кај селото Николиќ во општина Дојран, недалеку од границата со оваа земја.
Во акцијата учествуваат два авиони „канадер“ CL-415 кои попладнево полетаа од Солун, како и две противпожарни возила со осуммина пожарникари. Како што соопшти грчкото Министерство за цивилна заштита и климатски кризи, копнените екипи веќе се на терен и активно делуваат во гаснењето.
Интервенцијата следи по барање од Центарот за управување со кризи на Северна Македонија до грчките надлежни служби, на што официјална Атина одговорила веднаш со позитивен одговор.
Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, порача дека состојбата на терен е критична и дека е потребна сериозна воздушна поддршка за да се стави пожарот под контрола.пожарот под контрола.