Новинарката Ксенија Халубович во своето излагање на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“-дел од конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права“ во емотивно обраѓање се осврна на состојбата во Белорусија, каде има притворени новинари, тоа е сива зона во Европа, режимот на Лукашенко има голема помош од режимот на Путин, им оневозможува на лугјето слободна да се изразуваат, затварени се само за еден коментар на фејсбук, 1,5 милион луѓе ја напуштија земјата, илјадници не можат да се вратат. Повеќето новинари избегаа и работат во егзил, само тие може да го пренесат гласот на своите луѓе кои живета во сивата зона.
Вчера добив ужасна вест дека една жена се самоубила поради политичката репресија во Белорусија, вели Халлубович.
Повеќето луѓе неможат ништо повеќе да сторат. Режимот посега по блиските роднини на новинарите во егзил. Се е поради поддршката на Путин, додека има руски труп, имаме некаква хибридна окупација. Нашата ситуација е целосно зависна од победата на Украина, нашиде момци и девојки се борат за слобода на Украина. Имаме добри организации во дијаспората, во егзил кои им помагаат на луѓето, им помагаат на политичките бегалци. Русија не успева да не скрши, на светот му покажавме дека сме силни.сплотени, вели Халубович.
Ние не сме Руси, имаме сопствени проблеми, сопствен јазик, култура, не сме браќа, соседи но не и браѓа, никогаш браќа, кажа на крајот од своето емотивно обраќање белоруската новинарка Ксенија Халубович.
Ксенија Халубович (1988) е фотографка, новинарка и режисерка од Белорусија. Работела за независни белоруски и странски медиуми, фокусирајќи се на човековите права, менталните болести и социјалните прашања. Од 2020 година, таа режирала пет документарни филмови за Current Time TV и е автор на онлајн дневник за Arte.tv за постреволуционерниот живот на Белорусија.
Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива на Владата на Северна Рајна-Вестфалија.
Конференцијата се состои од четири сесии, во кои учествуваат повеќе од 25 учесници од Северна Македонија, регионот, Европа и САД, како и изложба и штандови со изданија на организацијата која оваа година одбележува 25 ГОДИНИ од основањето.