Македонија против Холандија од 18:00 часот го игра вториот натпревар на Светското ракометно првенство што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Откако во првиот натпревар македонските ракометари одиграа нерешено, 27:27 против селекцијата на Унгарија, во второто коло со Холандија ќе се обидат да стигнат до првата победа и до полн плен поени кои ќе може да се пренесат во втората, главна фаза од натпреварувањето.
Од прелиминарната фаза понатаму ќе продолжат три репрезентации, пренесувајќи ги поените освоени во меѓусебните натпревари.
Во првото коло, денешниот противник на Македонија, Холандија со 17 разлика ја победи селекцијата на Гвајана, која важи за аутсајдер во групата.
Селекторот Кирил Лазорв пред натпреварот ја препушти фаворитската позиција на Холандија, истакнувајќи дека Холанѓаните играат поразличен ракомет од Унгарија, што помалку одговара на играта на македонската репреезнтација.
„Тоа не значи ништо бидејќи ние мораме да го одработиме нашиот дел од задачата, да играме онака како што ќе замислиме. Ме радува што имаме добра атмосфера, што момците работат напорно и што тоа го покажаа на првиот натпревар. Ќе ни треба слично издание и против Холандија, да бидеме на највисоко ниво, да се бориме и да не гледаме кон резултатот“ изјави Лазаров.