Хоспитализиран претседателот на Собранието Гаши

Африм Гаши | принтскрин ТВ 24
Африм Гаши | принтскрин ТВ 24

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е примен по полноќ на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје со силни болки во стомакот. Првичните прегледи потврдиле преплет на цревата – состојба која, доколку навреме се лекува, најчесто може да се реши без хируршка интервенција.

Директорот на Клиниката, проф. д‑р Огнен Костовски, изјави дека Гаши останува под постојан лекарски надзор и моментно се применува конзервативна терапија. „Сè уште нема индикација за операција; внимателно ја следиме динамиката за да спречиме евентуални компликации,“ истакна Костовски.

Според болничките извори, наредните часови ќе бидат клучни за проценка дали ќе биде потребна хируршка интервенција. Очекувања се дека, доколку терапијата даде резултат, спикерот би можел да започне постепено закрепнување во текот на следните ден‑два. Јавноста ќе биде известена за секоја промена во неговата здравствена состојба.

Зачлени се на нашиот е-билтен