Хоспитализираните по пожарот во „Макпрогрес“ се во стабилна состојба

По пожарот во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница, медицинска помош беше укажана на 13 лица.

Една пожарникарка е згрижена во Клиничката болница – Штип, четворица пожарникари се хоспитализирани во Општата болница во Кочани, а осум вработени од фабриката се лекуваат на Клиниката за токсикологија во Скопје. Министерството за здравство информира дека сите се во стабилна состојба.

Меѓу хоспитализираните во Кочани се пожарникарите Кристијан Атанасов, Александар Георгиевски, Дејан Јаневски и Станко Спасов. Тие потврдија дека нивната состојба е добра и дека нема сериозно загрозени лица.

Зачлени се на нашиот е-билтен