Воздухот во Скопје никако да светне на зелено. продолжува да биде проблематичен, а според последните податоци од платформата IQ Air, главниот град има индекс на загаденост од 80 и се наоѓа на 38-то место.
Овој индекс го вбројува Скопје во категоријата на умерено загадени градови, каде чувствителните групи може да почувствуваат последици врз здравјето.
Синоќа Скопје беше прв најзагаден град во светот, и препораката беше воопшто да не се излегува надвор.