Скопје утрово се најде на четвртото место на листата на најзагадени градови во светот, со индекс на загаденост од 187, според податоците од платформата IQAir.
Смогот и загадениот воздух, кои се постојан проблем во зимските месеци, повторно предизвикуваат загриженост кај жителите на главниот град. Густата магла и високиот процент на PM2.5 честички го отежнуваат дишењето, особено за хронично болните лица, децата и постарите.
Според премиерот Христијан Мицкоски проблемот не можел веднаш да се реши, потребно било да се изградат гасни централи и да се намали употребата на фосилни горива, но тоа ќе одземе минимум три години.
Скопјани, како и секоја година, остануваат со маски на лицата и со прашањето: „Дали конечно ќе видиме реални чекори за решавање на овој долгогодишен проблем?“