Илир Кула оценува: „Апсењето“ на Груби е поврзано со СЈО и саботажата на Пендаровски

Кула

Во својата анализа за случајот со Артан Груби, албанскиот аналитичар Илир Кула, советник на повеќе претседатели на Албанија, вклучувајќи го и актуелниот Бајрам Бегај, во интервју за косовска телевизија оценува дека поранешниот вицепремиер направил серија крупни политички грешки кои, според него, ја надминуваат рамката на корупциски скандал  закој Груби е обвинет во Македонија.

Клучната теза на Кула е дека проблемот на Груби не е само во наводите за корупција, туку во две стратешки одлуки што имале пошироки политички последици.

Кула тоа го посочува на прашањето на водителот кога тој потсетува дека Артан Груби е ставен на „црната листа“ на САД.

Илир Кула вели дека во тој контекст Груби се нашол на „црната листа“ од две причини: Неговата улога во процесите поврзани со „демонтажата“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и со саботажата на кандидатурата на Стево Пендаровски на последните избори.

Во интервјути Или Кула вели дека СЈО, како што тој оценува бил „западен проект“ со длабоки импликации врз политичката архитектура на државата.

Втората причина, уште посензитивна според Кула, е „саботирањето“ на поддршката за кандидатурата на Стево Пендаровскина последните претседателски избори, кога наместо единствена поддршка бил промовиран Бујар Османи како кандидат на ДУИ.

Со тоа, тврди Кула, бил испратен политички сигнал кон западните партнери што подоцна можел да се одрази и врз односот кон самиот Груби. Во таа смисла, тој оценува дека Груби до извесен степен станал „жртвено јагне“ на пошироката албанска политичка сцена во земјата, но истовремено нагласува дека одговорноста не може целосно да се префрли на надворешни фактори.

Според Кула, импулсивноста и серијата политички проценки на Артан Груби се покажале како погрешни и го довеле до ситуација во која личниот и партискиот товар станале неодржливи. Ваквата интерпретација ја поместува дебатата за причините за „враќањето“ на Артан Груби од тесен кривично-правен контекст за корупција кон поширока геополитичка и стратешка рамка, во која односите со западните центри на моќ, внатрешните албански политички динамики и претседателските избори се испреплетуваат како фактори што ја дефинираат политичката судбина на еден од највлијателните функционери во изминатата деценија, вели Илир Кула.

Зачлени се на нашиот е-билтен