Инспекцијата во кујните во училиштата и градинките откри незадоволителни услови

кујните во училиштата

Незадоволителни услови во кујните во училиштата и градинките, како и недоследности во подготовката на храната, утврдија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава. На територијата на цела држава биле спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.

За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки,  и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.

Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.

Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекоа 1 парична казна и  донесоа 5 решенија со наредба за нивно отстранување.  

Зачлени се на нашиот е-билтен