Интернет порталите и социјалните мрежи ги надминаа телевизиите како медиуми за информирање

интернет

Агецнцијата за аудио и аудио-визуелну услуги ги презентираше наодите од Истражувањето на мислењето и ставовите на јавноста во врска со медиумите кое беше спроведено во периодот од 27 декември 2025 година до 25 јануари 2026 година, со цел да се добие увид во перцепциите, навиките и ставовите на граѓаните во однос на медиумите и медиумските содржини.

Клучните наоди на истражувањето покажауваат дека телевизијата и социјалните мрежи се главни медиуми за информирање, со речиси идентична дневна употреба, интернет порталите се стабилен трет столб, додека радиото и печатените медиуми имаат маргинално влијание врз информирањето.

На прашањето „Колку често при информирањето за домашни и странски настани, се информирате од следниве медиуми?“, 62,3% од анкетираните одговориле дека секој ден или речиси секој ден користат социјални мрежи како средства за информирање. Телевизии користат 61,2%, а интернет порталите се се извори за информирање на 39,5% граѓани.

Радио и весниците користат само 1,2%, односно 06% од анкетираните граѓани.

Ако се земат во комбинација социјалните мрежи и интернет порталите, станува јасно дека интернет медиумите сериозно ги надминаа телевизиите како средство за информирање.

Телевизијата сè уште ужива највисока доверба и перцепција за објективност, но исто така постои перцепција кај јавноста за политички и бизнис влијанија. Податоците покажуваат ниско ниво на доверба кај вестите од социјалните медиуми, а значаен е и уделот на граѓани кои немаат доверба во ниту еден медиум. Според испитаниците клучен фактор за градење доверба во медиумите е точноста и провереноста на информациите кои се пренесуваат.

Но, анкетата покажува малку поинаква слика во однос на одделни целни групи и нивното претставување во медиумите

Мнозинството испитаници ја перципираат застапеноста на младите во медиумите како претежно позитивна, а ваквиот став е уште поизразен на интернет каде младите се гледаат како активни чинители, креативни и толерантни, при што негативните стереотипи се отфрлени од мнозинството испитаници.

И на телевизија и на интернет, жените и мажите најчесто се прикажуваат како еднакви и жените како образовани експертки. Кај телевизијата е осетно повисока застапеноста на прикажувањето на жените во традиционални улоги. Онлајн медиумите, пак, нудат посовремена и помалку стереотипна слика за родовите улоги.

Перцепцијата за прикажувањето на хомосексуалноста на телевизијата е силно поделена, при што значителен дел од граѓаните ја доживуваат како закана за општествените вредности или наталитетот, а доминира и ставот дека таа не се претставува како нормална сексуална ориентација. Во онлајн медиумите, пак, почесто преовладува перцепцијата за хомосексуалноста како нормална сексуална ориентација, при што негативните квалификации се помалку застапени и почесто оспорувани од јавноста.

Дека интернет медиумите, односно социјалните мрежи влегуваат во фазата на доминација говори и фактот дека мобилните телефони се главниот апарат за добивање информации.

Смартфонот се издвојува како примарен уред со речиси целосна распространетост, додека традиционалните уреди, како радио апаратите и музичките системи, постепено ја губат својата употребна вредност. Телевизијата, и покрај тоа, останува широко присутна, но главно како заеднички семеен медиум. Гледачките навики покажуваат висока заситеност со вести, серии и дебатни програми, наспроти јасен недостиг од образовни, културни, документарни, детски и квалитетни домашни играни содржини. Ова укажува на структурен дисбаланс меѓу понудата и очекувањата на публиката.

Зачлени се на нашиот е-билтен