Иран денеска објави дека писмото од американскиот претседател Доналд Трамп за нов нуклеарен договор упатено до иранските лидери треба да биде доставено до Техеран преку арапска земја.
-Писмото е напишано, но сè уште не е пристигнато и наскоро ќе биде доставено од арапска земја, изјави за новинарите иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.
Иран и САД немаат дипломатски односи од 1980 година.
Во исто време, Трамп ја врати политиката на „максимален притисок“ врз Иран со нови санкции против иранскиот нафтен сектор и се закани со употреба на сила.
-Нема да преговараме под притисок, закани или санкции, рече Арагчи.