Исчезнатиот Миле Тодоров по кој се трага уште од јануари месец бил виден кај планината Серта објави неговата сестра на социјалните мрежи.
„По сознанија од очевидец, брат ми Миле Тодоров, кој исчезна на 30 јануари годинава е виден како се движи покрај планината Серта. Доста бил ослабнат и со подолга коса и брада“, објави на Фејсбук Марија Атанасиевиќ, сестрата на исчезнатиот Тодоров.
Таа апелира дека ако некој се движи натака и ако повторно го види веднаш да се јави во полиција.