Исчезнатиот планинар од Велес е пронајден починат

Велешанецот Стојче Пецевски, кој се водеше за исчезнат, е пронајден мртов, потврдија попладнево од Центарот за управување со кризи. 

Оттаму информираа дека утрината немало услови за хеликоптерска потрага и дека исчезнатото лице е пронајдено непосредно пред да полета хеликоптерот. 

Пецевски исчезна вчера околу 10:50 часот во реонот на ридот ГРООТ над Велес. Тој бил заедно со неколку други планинари.

Неговиот пријател и долгогодишен планинар Игор Смилев апелираше до велешките планинарски друштва, клубови и граѓаните да се вклучат во потрагата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен