Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИВЗ е против Јени Џамија да биде музеј

Отворањето на Музејот на христијанското и муслиманското културно наследство во познатата битолска Јени џамија, во чии темели се откриени остатоци од катедралната црква Свети Ѓорѓи, ја налути Исламската верска заедница, од каде велат не биле консултирани за оваа пренамена на Јени Џамија во музејски простор, иако на синоќешното официјлано пуштање во употреба беше највен како симбол на соживотот во Битола.

-Различни фази на овој археолошки локалитет има, кои датираат од 7 до 11 век. Една од нив е и катедралнаат црква Свети Ѓорѓи, инаку таа средновековна црква по габарит е многу поголема од Јени Џамија што се гледа и од застаклените делови кои се надвор каде се гледаат делови од ѕидовите и темелите на Свети Ѓорѓи, вели Зоран Николовски, ВД директор на Завод и Музеј Битола.

Од ИВЗ по отворањето на новиот Музеј упатија реакција до Владата и дипломатските претставништва во која посочија дека се загрижени затоа што се заобиколени во процесот на трансформација на Јени Џамија, која велат им била национализрана во социјализмот.

“По донесувањето на законот за денационализација во 1998 година, Исламската верска заедница континуирано бара враќање на Јени џамијата и нејзино користење како место за богослужба, но Државата никогаш не го исполни ова легитимно барање на ИВЗ. Ние како претставници на муслиманските верници остро се спротивставуваме на оваа иницијатива за преобразување на Јени џамијата во „МУЗЕЈ” и повикуваме на итен прекин на секоја активност”, се наведува во реакцијата на ИВЗ .

Јени Џамија датира од 16 век, а археолошките истражвања кои започнаа пред 2 децении утврдија дека е изградена врз темелите на три цркви, а најголемата со импозантни димензии е цркваат Свети Ѓорѓи. Пронајдените остатоци во внатрешноста и во дворот на Јени џамија се заштитени и застаклени со цел да бидат дел од туристичката понуда во Музејот на христијанската и исламската култура во Битола. Но наместо спој на различностите, новиот музеј ја налути ИВЗ од каде бараат да се заштити Џамијата како исламски верски и културен објект.

Зачлени се на нашиот е-билтен