Денеска Србија и Унгарија потпишаа договор за соработка во одбраната. Тоа е само чекор до воен сојуз меѓу двете земји, рече Вучиќ по тој повод.
На 18 март годинава Хрватска, Албанија и Косово потпишаа декларација преку која земјите ветуваат дека ќе се ангажираат за зајакнување на соработката на полето на одбраната и безбедноста.
Србија тоа го оцени како отворена провокација кон Белград.
Хрватска рече дека соработката е отворена и за сојузниците и партнерите на Европската унија и НАТО, кои „сакаат да придонесат за градење на стабилноста, безбедноста и одржливоста во регионот на Југоисточна Европа.
Порталб.мк се обрати до Министерството за одбрана со прашање дали Северна Македонија планира да стане дел од оваа тројка, но индиректно добивмe одговор дека нема потреба од такво нешто, бидејќи армијата веќе има воспоставено билатерална соработка со секоја земја.
Од ова Министерство истакнаа дека приоритет за Одбраната и Армијата на Северна Македонија е зајакнувањето на регионалната стабилност и безбедност, особено имајќи ја предвид кревката безбедност на европскиот континент.
„Имајќи го предвид ова, нашата земја активно придонесува за регионалната безбедност со учество на припадниците на македонската армија во мисијата на НАТО во Косово, КФОР и операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, ЕУФОР-АЛТЕА. Заедно со земјите од регионот ние активно учествуваме во голем број на регионални безбедносни иницијативи, како што е Процесот на соработка на Министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (SEDM), САД-Јадранска повелба (А5), Форумот на началниците на Генералштабот (Б9), Балканските медицински наменски сили и RACVIAC – Центарот за безбедносна соработка“, се вели во одговорот на Министерството за одбрана на прашањето на Порталб.мк.
Помеѓу редови од Министерството истакна дека земјава нема намера да стане дел од споменатата иницијатива, бидејќи веќе има билатерална соработка, што според нив е доказ за работата во развојот на одбранбените односи.
„Исто така, со секоја од земјите во регионот соработуваме на билатерална основа, поединечно, што е доказ дека активно работиме на развивање на одбранбените односи со една главна цел – зајакнување на безбедноста и стабилноста во Југоисточна Европа“, се наведува во одговорот на Министерството.
Хрватските власти рекоа дека на иницијативата може да се приклучат сите земји кои исто така сакаат да им понудат поддршка на Косово и Албанија на нивниот европски и евроатлантски пат. Целта „не е да се создаде никаков воен сојуз“.
„Ваков сојуз – освен членството во НАТО – не е ни потребен“, беше нагласено писмената реакција на хрватската Влада до Радио Слободна Европа.
За разлика од Албанија и Хрватска, Косово не е членка на НАТО.
Во првите реакции за иницијативата, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека со потпишувањето на документот, Хрватска, Албанија и Косово „започнале една трка за вооружување во регионот“ и „го прекршиле подрегионалниот договор од 1996 година“.
Што содржи декларацијата за воена соработка меѓу Косово, Албанија и Хрватска?
Истражување на развојот и стекнувањето на одбранбени способности преку мултинационална соработка, споделување на најдобрите практики во регрутирањето, развојот и задржувањето на персоналот за зајакнување на превентивните и и одбранбените способности, заеднички вежби, зајакнување на контрамерките против хибридните закани, споделување на разузнавачки информации за превенција и поддршка на Косово во добивањето статус на мировен партнер на НАТО. Ова се дел од точките на декларацијата за соработка.
Договорот има четири точки. Првата точка се однесува на унапредување на одбранбените способности и соработка во оваа индустрија.
Во него се наведува дека трите земји ќе го истражуваат развојот и набавувањето на одбранбените капацитети преку мултинационална соработка, со цел да се зголеми подготвеноста на нивните воени сили. Косово, Албанија и Хрватска, исто така, ќе се залагаат за да ги идентификуваат областите за соработка во одбранбената индустрија, промовирајќи пристап до ресурси и синџири на снабдување со цел да имаат една конкурентна и одржлива одбранбена индустрија.
Оваа точка од договорот предвидува и инвестиции во нови технологии и иновации со цел да се постигне еден унифициран пристап кон трансформацијата на безбедноста и одбраната. Втората точка се однесува на зголемувањето на интероперабилноста преку едукација, обука и вежби. Во неа се наведува дека најдобрите практики за регрутирање, развивање и задржување на квалификуван воен персонал ќе бидат споделени со цел да се зголемат превентивните и одбранбените капацитети. Исто така се предвидува и можност за индивидуално образование и обука преку соодветните академии и универзитети на државите, се „со цел подобро стратешко разбирање на заедничките закани и предизвици“.
Договорот предвидува билатерални и трилатерални вежби за подобрување на интероперабилноста врз основа на политиките на НАТО и ЕУ, со цел адекватна подготвеност на нивните воени сили. Инаку, во последните години Северна Македонија инвестираше многу во одбраната и го зголеми буџетот на 20.450.820.000 денари.
Во однос на одобрениот буџет за 2024 година, оваа година тој е зголемен за 322.360.000 денари. Северна Македонија на 27 март прослави 5 години од членството во НАТО. На 27 март 2020 година земјата официјално стана членка на НАТО, а на 30 март на 30 март знамето на Северна Македонија, како знаме на 30-та сојузничка земја, беше подигнато во седиштето на НАТО во Брисел, пред Врховната сојузничка команда (SHAPE) – Сојузничката операциона команда во Монс, Белгија и пред Сојузничката команда за трансформација во Норфолк, САД.
Извор: Мета.мк