Избрани најкреативните дела од амбалажен отпад на конкурсот „Trash for Art 2025“

Избраните се најдобрите уметнички дела од амбалажен отпад, пријавени на наградниот конкурс Trash for Art, во организација на Пакомак и Нула отпад. Конкурсот веќе традиционално се организира со цел да даде еден поинаков поглед на амбалажата од секојдневниот живот и да ги инспирира граѓаните да селектираат и да создадат интересни уметнички творби од пластика, хартија, лименки, стакло или композит.

И оваа година на конкурсот пристигнаа интересни и креативни дела, потврдувајќи дека амбалажниот отпад може да има и друга намена, односно да се селектира и да се искористи за создавање уметнички дела.

Сите учесници се натпреваруваат во три категории: градинки; основни училишта; поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други), а стручното жири ги избра најдобрите.

Категорија Градинки:

1 место- награда 30.000 денари

Папагал ,,Роки Чејс’’

Градинка ОЈУДГ ,,Младост’’ од Тетово Објект Спортски

2 место- награда 20.000 денари

,,Модерна Принцеза’’

Градинка ,,Сонце’’ во склоп на ,,Росица’’ од Скопје

Автор: Елена Ончевска Агер

Категорија Основни Училишта:

1 место- награда 30.000 денари

,,Планета Земја’’

ООУ ,,Љубен Лапе’’ од Скопје

2 место – награда 20.000 денари

,,Желка’’

ООУ ,,Војдан Чернондрински’’ од Скопје

3 место- награда 10.000 денари

,,Мече’’

ООУ ,,Јохан Х. Песталоци’’ од Скопје

Категорија Поединци и Институции:

1 место- награда 30.000 денари

,,Змеј’’

Автор: Андреј Бошески

2 место- награда 20.000 денари

,, Ѕвездена ноќ’’- Ван Гог Колаж

Автор: Лана Ајтарска

3 место- награда 5.000 денари

Лего ,,Brawl Stars- Polo’’

Автор: Димитар Јовановски

3 место- награда 5.000 денари

Лего ,,Brawl Stars-Griff”

Автор: Јован Дамјановски

Специјална категорија ,,Нула Отпад’’:

1 место- награда 30.000 денари

,,Ајфелова Кула’’

Автор: Миа Андреева, Сара Николова, Матеа Саздова и Теона Манасиева

2 место- награда 20.000 денари

,,Делфини’’

ООУ ,,Димче А Габеров’’ од Демир Капија

3 место- награда 10.000 денари

,,Кукла од Електронски Отпад’’

Автор: Наташа Илоска

Сите добитници и нивните дела можете да ги погледнете и на профилите на социјалните мрежи на Пакомак.

Зачлени се на нашиот е-билтен