Изложба „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“

„Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“

Денеска, во 19:30 часот, во скопското кафуле „Излет“ ќе се отвори изложбата „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“, која ја организираат Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и женската медиумска мрежа „Еднаква“.

Изложбата е посветена на жените кои оставиле силен печат во македонската медиумска историја. Ќе бидат изложени 30 фотографии кои сведочат за нивната улога во зачувувањето и развојот на професионалните медиуми во земјава. Изложбата беше подготвена во соработка со семејствата на овие жени.

„Историјата сведочи за голем број значајни имиња од почетната ера на македонското новинарство и радио и телевизиски пренос, како и за првите репортерки, монтажерки, камерманки и фоторепортерки кои отвораа прашања за политички и општествени случувања, култура, образование и социјална правда во јавната сфера“, велат организаторите

Зачлени се на нашиот е-билтен