Порталот Рацин.мк јавно се извинува за изнесените невистини во однос на улогата и значењето на Јана Белчева Андреевска при донесувањето на одобрението за градење од 1 октомври 2021 година со кое се изведува станбена зграда на улицата „Коста Шахов“ бр. 8, веднаш до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, со оглед на фактот дека во 2021 година не била претседател на советот на Општина Центар, а како советник, согласно закон, немала и не можела да има никаква улога, надлежност или влијание врз индивидуално одобрение за градење.
Исто така, порталот јавно се извинува и ги повлекува изнесените невистини за наводна вмешаност на Јана Белчева Андреевска при донесување на одлука на Советот на Општина Центар во 2014 година, а поврзани со имот од нејзината мајка, со оглед на фактот дека Јана Белчева Андреевска во 2014 не била дел од Советот на Општина Центар.

