Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јакимовски го праша Мицкоски: На колку години ја изгради првата хидроцентрала и дали тогаш беше директор на ЕЛЕМ?

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски предпладнето на прес пред портите на „белата палата“ партиско седиште на ВМРО ДПМНЕ му се обрати на лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кој рече дека единственото прашање кое го посочува деновиве тој и неговите сопартијци е како на господинот Али Ахмети внукот на 25 години стекнал толку големо богатство како што е дел од сопственоста во трговскиот центар Соравија.

– Прашањето е сосема легитимно и тоа младо момче треба да објасни како стекнал милионски имот, но имам и јас прашање за господинот Мицковски. Едно и директно е, и чекам одговор, рече градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ:

– Мицкоски да каже на колку години ја направил својата првата хидроцентрала и се стекнал со милионски имот и дали ја стекнал пред или за време на неговото директорување со ЕЛЕМ, изјави Јакимовски.

Јакимовски забележува дека тој како директор на ЕЛЕМ требало да гради хидроцентрали кои ќе бидат во државна соспственост, а не во негова лична сопственост како што направил Мицкоски, кој денеска заедно со сопартијците постојано обвинуваат луѓе од спротивните политички табори за криминал и дека биле урбана мафија.

– Легитимно е на овој народ Мицковски да му каже дали бил директор на ЕЛЕМ кога за себе а не за државата си ја изградил првата хидроцентрала и на колку години и со колку пари ја стекнал таа милионска иинвестиција, изјави Јакимовски додавајќи дека народот требе да знае не само за актуелниот Дрим Ахмети туку и за тој кој претендира да ја води државата сега опозицискиот лидер Мицковски.

Овие прашања до Мицкоски градоначалникот на Општина Карпош ги упати од птрес конференцијата пред белата палата на ВМРО-ДПМНЕ на којашто демантираше дека ќе се рушат игралиштето, фонтаната и зеленилото покрај булеварот „Теодосиј Гологанов“ за да се претворат во згради, со точка од ДУП.

Зачлени се на нашиот е-билтен