Полициските службеници постапуваат согласно законот. Ќе биде процесуирано секое незаконско дејство кое е во делокруг и надлежност на полицијата, рече денеска директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со завчерашниот случај, кога градоначалникот на Чаир со луѓе од Општината истури ѓубре пред Градот Скопје.
Во врска со наводите за дивоградби во Чаир, Јанев истакна дека се проверуваат сите наводи, за секаде.
Директорот на БЈБ порача и дека иако прстот се вперува само во полицијата за многу случаи, таа не е секогаш единствено надлежна за да превенира некои појави, да ги детектира или да преземе акција.
-Знаете дека веќе во одреден град во источна Македонија се презмеаат активности од страна на локалните власти со рушење дивоградби. Ние како полиција интензивно работиме, има статистика и таа статистика за дивоградбите може да биде и јавно достапна. Секоја организациска единица во рамки на МВР и во минатото и сега има соодветни поднесоци за дивоградби. Дали е доволно, останува перцепцијата на јавноста да каже. Верувајте дека работиме, но не е само полицијата единствен орган во државата што треба да се грижи за јавната безбедност. Има и други институции, други инспекторати кои треба да си ја вршат својата работа, сите ние сме заедно, потенцира Јанев.
Nuk do të doja të hyj në detaje, as të ndikoj në procedurën. E di që ka një çështje në Komisionin Shtetëror për Parandalimin e Korrupsionit, po punohet mbi të dhe ua lë shërbimeve ta përfundo
Прашан за криминалните дејства кои често доаѓаат како нарачка од затворите, одговори дека може да се спречат само ако тамошните службени лица, согласно должноста, постапуваат според правилата, процедурите и прописите. Државата, порача Јанев, не смее да шурува со криминалци.
-Овие дејства ќе ги спречиме само ако имаме чесен, искрен пристап и со девизата дека никому ништо не должиме. Како што не треба да се случуваат на терен негативни појави, така и колегите од затворската полиција треба јасно и гласно да знаат дека со одредени недејства придонесуваат да се имплицираат многу дејства надвор, на улиците. Ако немаме корупција, никој од затворите нема да може да раководи. Ако и таму владеат законите како што ние се трудиме да владеат на улиците, тогаш проблемот не може да се префрли од затворот на терен, притоа затворениците да имаат добро алиби за дејствата што се случуваат на терен. Ако имате идеи, желба и ако сте упорни, никој не може да остане имун пред законот, истакна директорот.
Додаде и дека успех може да има ако полицијата работи заеднички со Обвинителството.
-Еден доказ да биде обезбеден против високо профилирани криминални групи е многу тешко, бара многу време, ресурси и енергија, потенцира Јанев и повтори дека полицијата е еден сегмент од одржувањето на јавната безбедност. Сите останати чинители во државата исто така имаат одговорност да ги почитуваат законите.