Јасен сѐ уште гори

Ценатраот за управување со кризи утрово соопшти дека пожарот во Националниот парк Јасен, се активирал во текот на ноќта и сѐ уште гори.

Претходно и Дирекцијата за заштита и спасување соопшто дека во текот на ноќта пожарот повторно се реактивирал поради што рано наутро екипите на Јасен повторно излегоа на терен и почнаа со гаснење на местата каде тоа беше возможно од земја.

Како подршка веднаш се упатени два полициски хеликоптери кои со извонредно прецизно дејство помагаат за совладување на овој шумски пожар. Нешто подоцна со дејство започнаа и два ер трактори на ДЗС.

И покрај исклучително тешкиот терен, се прават напори пожарот да биде ставен под контрола во текот на денешниот ден.

Теренските услови не дозволуваат употреба на специјалните возила на ДЗС.

Според ЦУК денеска, на 11 август 2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Северна Македонија има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни 1 пожар, под контрола 1, и изгаснати 18 пожари.

Зачлени се на нашиот е-билтен