Основното јавно обвинителство Прилеп информира дека денеска извршен е увид во куќа во центарот на градот, каде што биле пронајдени три починати лица – 13-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.
Според првичните информации, настанот се случил поради семејни недоразбирања и нерешени имотни прашања. Полицијата и јавниот обвинител работат на целосно расчистување на случајот.
Издадена е наредба за обдукција на телата и прибирање на траги, како и за вештачење на сите докази пронајдени на лице место.
Истражните активности се во тек.