Јавното обвинителство отвори истрага: Осомничен примил награда за да влијае врз судски постапки

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинителството, осомничениот во периодот од април до август годинава примил 10.000 евра за да, преку своето наводно влијание, интервенира во граѓански судски постапки пред Основниот и Апелациониот суд Скопје. Целта била да се обезбеди одлука во корист на одредено правно лице.

Сведокот-пријавител, управител на правно лице, добил информации дека спротивната страна во судскиот спор врши влијание врз судиите преку поткупи. За да ја провери ситуацијата, контактирал со осомничениот, кој му бил претставен како лице кое „ги познава состојбите во судовите и има блиски односи со судии од Апелациониот суд Скопје“.

Осомничениот им побарал 16.000 евра за завршување на спорот, но поради невозможност за целосна исплата, биле договорени три рати. На 30 април, по приемот на првата рата од 5.000 евра, осомничениот бил лишен од слобода при следната исплата.

Јавниот обвинител денеска поднел предлог до судијата на претходна постапка за определување притвор за осомничениот, соопштија од Обвинителството.

Зачлени се на нашиот е-билтен