Јован Костадинов, херојот кој спаси 20 деца во пожарот во Кочани, денеска беше пречекан во Гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница.
Јован е вистински херој – млад човек со огромно срце и неверојатна храброст, кој сопствениот живот го стави во опасност за да им помогне на другите.
„Јован, ти го должам новото утро на мојот син, неговата насмевка, неговата надеж. Нема зборови со кои можам да ти се заблагодарам доволно. Засекогаш ќе останеш во нашите молитви и срца“, напиша на социјалните мрежи како сведоштво Јадранка Бреслиева за неговата неверојатна храброст, која никогаш нема да биде заборавена.
„Во најтешките моменти, кога сите беа во паника и страв, Јован беше светлина на надеж. Без двоумење, го зеде моето дете, кое беше заглавено под рушевините на дискотеката. Го носеше на грб низ оган и чад, се бореше да го изнесе на сигурно, а потоа го однесе во болницата во Кочани. Додека сите бегаа, тој ризикуваше сè за да спаси животи“, напиша Бреслиевска.