ЈП Македонијапат: Сите патни правци се проодни

Македонијапат

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Сите патни правци се проодни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен