По многуте пишувања и шпекулации во медиумите, должни сме да не дозволиме да се створи паника околу безбедноста на жичницата. Жичницата има валиден сертификат за работа до 24.09.2025 година. Во моментов се спроведуваат сервисни работи за замена на делови кои се дел од предвидениот годишен сервис.
Ова стои во соопштението на Јавното сообраќајно претпријатие кое стопанисува со жичницата на Водно.
Понатаму во обраќањето до јавноста се наведува:
Исто така денес е направен вонреден детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски во кој исто така не беа констатирани технички недостатоци, односно беше констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба.
Ве известуваме дека безбедноста е по сите пропишани стандарди и по завршување на тековниот сервис кој се врши месецов се гледаме, на падините на Водно и граѓаните повторно ќе го почувствуваат бенефитот од функционирањето на жичницата.