Јулијана Ѓорѓиевска, од Крива Паланка до Мис на Европа и назад

Јулијана

Овие денови Јулија Ѓорѓиевска од Крива Паланка повторно е во фокусот на јавноста со нејзината битка за „распуштените“ крави, откако пред две гидини ја освои титулата Мис Европа, на изборот за убавина Кралица на Евроазија 2024 кој се одржа во Анталија, Турција.

„Прв пат ја претставував Македонија надвор, им ја зедов круната и ја донесов дома“, рече тогаш убавата Јулијана Ѓорѓиевска за титулата „Мис Европа“.

Јулија на изборот ја претставуваше Македонија, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија. 

Нашата Јулијана, која тогаш гордо ја претстави Македонија, е дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина. 

Но, таа Јулијана, ќерка на сопственикот на кравите во Крива Паланка, беше повторно приведена од полициијата, затоа што, како што информираа од МВР, 27-годишната девојка ги попречувала вработените во АХВ во работата, односно да ги заловат кравите кои слободно шетаат низ подрачјето на Крива Паланка, ненесуваат штета по околните ниви и бавчи е се безбедносен ризик на патиштата. 

– На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни-крави, информираа од МВР. 

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Зачлени се на нашиот е-билтен