Каја Шукова ја потврди кандидатурата за градоначалник на Скопје: „Скопје заслужува визија и вредности“

Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, во интервју за Нова ТВ откри дека поднела кандидатура за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори, истакнувајќи дека главниот град има потреба од нов пристап во управувањето – модерен, одржлив и европски. Со повеќе од 25 години искуство во решавање на комунални и еколошки проблеми, Шукова смета дека нејзината експертиза е соодветен одговор на предизвиците со кои се соочува Скопје.

„Верувам во своите вредности и знаење, и затоа поднесов кандидатура, но на крајот одлуката ќе ја донесат партиските членови“, изјави Шукова, додавајќи дека партијата води транспарентен внатрешен процес за избор на најсоодветен кандидат. Таа упати пофални зборови и за другите потенцијални кандидати, како што е професорот Ралев, оценувајќи дека и тој е сериозно добар избор.

Шукова најави дека политиката на СДСМ за претстојните избори ќе биде базирана на реални и конкретни решенија за локалните проблеми, а не на голи партиски ветувања.

Зачлени се на нашиот е-билтен