Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Како Цвета Ристовска од ДКСК стана „техничка грешка“ на сајтот на Факултетот за туризам и менаџмент?

Синоќа Универзитетот за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета Ристовска од списокот на наставниот кадар. Ристовска, која повеќе од десет месеци беше дел од наставниот кадар на универзитетот и истовремено член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), сега е тргната од веб-страницата.

Овој потег следи откако како неколку медиуми го поставија прашањето за можен судир на интереси, имајќи предвид дека Ристовска го водеше предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски. Дел од тој предмет беше и претставката за факултетската диплома на Христовски, издадена од универзитетот каде Ристовска била дел од наставниот кадар.

На прашањата на Телма, ДКСК реагирала со демант, испраќајќи ПДФ документ во кој се тврдеше дека нема судир на интереси, но не беше дадено објаснување за основите на тој заклучок или за спроведувањето на законската процедура за проверка на потенцијален судир на интереси.

Од Комисијата истакнаа дека имале „техничка грешка“ на својот веб-сајт, додека Универзитетот за туризам и менаџмент ја тргна фотографијата на Ристовска од списокот на наставниот кадар, не давајќи дополнителни објаснувања.

Зачлени се на нашиот е-билтен