Професорот по кривично право на Правниот факултат на УКИМ д-р Гордан Калајџиев, во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, информираше дека добива закани заради неговото застапување да се почитуваат законските обврски на надлежните во истрагата за трагедијата во Кочани како и правото и Уставот и да се заштитат од политичка контаминација.
„Добивам закани, лични, во пораки на социојалните мрежи. „Ќе ве згазиме на улица“, „Такви како тебе…“. Не ме плашат, иако не се пријатни. Но, искрено највеќе ме загрижува фактот што мои пријатели ми велат ај смири малку, не пишувај, гледаш дека си им трн во око и слично“, рече професорот Калајџиев.
Овие закани кажуваат до кој степен ни е демократијата, вели тој.
„Ако јас како професор по право не можам да го кажам тоа што го чувствувам како обврска, да потсетувам на правните норми, на уставот, на европските стандарди, само заради тоа што може мене нешто да ми се случи или да трпам реперкусии, тоа значи дека ние не сме стигнале многу далеку од пред 15 години“, укажува професорот Калајџиев.„И сега треба пак да шепкаме? После 20 години стигнавме пак да шепкаме?“
Професорот по кривично право вели тој има обврска да го штити правото.
„Не смеам да кажам ништо против премиерот?!? Па мене ми е обврска да го штитам правото. Премиерот ќе дојде и ќе си замине. Нека научи нешто и премиерот. И министерот за правда и јавниот обвинител. Јас се расправам и со моите помлади и постари колеги, кои во најголем дел молчат. Прашувам дали не чувствуваат одговорност во јавните дебати да кажат што вели правото. ‘Нејќеме да се експонираме’ и главно се извлекуваат со некои изговори“, речепрофесорот по кривично право на Правниот факултат на УКИМ д-р Гордан Калајџиев, во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.
Калајџиев, во врска со истрагата за пожарот во Кочани, укажува дека предводник и координатор на истрагите во големи случаи каква што е трагедијата во Кочани, според закон за кривична постапка е обвинителот, односно обвинителството, дека тоа е експлицитно уредено со закон и дека не може политичките функционери да собираат политички поени.
За професорот Калајџиев има доволно индикации дека „истрагата за пожарот во Кочани е контаминирана со дневна политика и во тоа особено пречи селектиовноста“.
„Не може да се инсистираа да се затвораат полициски службеници од 2023, а новите да ги суспендирате и да речете дека тие не се виновни однпаред“, рече Калајџиев.
Професорот по кривично право на Правниот факултет на УКИМ вели дека се обиодува да го сврти вниманиено на некои правни постулати кои мора да се почитуваат, како што е мерката притвор.
„Меѓународните стандарди, како и домашните, притворот го применуваат како крајна нужност, познато како ultima ratio во правната постапка, а ние им ја ограничуване слободата на луѓето за кои што уште не е докажано дека се виновни. Тоа значи дека гледаме дека правото не се почитува бидејќи теоретски е невозможно сите осомничени, 34, да се стават во притвор. Тоа се луѓе коишто се дел од некоја мафијашка или терористичка организација, или организација за трговија со дрога или луѓе“, посочува Калајџиев.
Без разлика на притисокот на тежината на трагедијата и на притисокот на јавноста, треба да се покаже треба да се покаже внимателност.
„Премиерот не треба да ја води борбата со мафијата. Тој има судир на интереси. Тој е лидер на политичка партија, а јас тврдам дека во партиите е леглото на корупцијата. Мотивот да се влезе во политика е корупцијата. Луѓето влегуваат за да се вработат, за да добијат тендер, ги финансираат партиите заради идните тендери, лиценци и што ти не“, рече Калајџиев во јавувањето на Радио Канал 77.