Предводник и координатор на истрагите во големи случаи каква што е трагедијата во Кочани, според закон за кривична постапка е обвинителот, односно обвинителстбото и тоа е експлицитно уредено со закон и не може политичките функционери да собираат политички поени, истакна професорот по кривично право д-р Гордан Калајџиев во гостувањето на радио емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Тој укажа на тоа дека за кривични работи полицијата одговара на обвинителот и по таа линија не смеат доказите да стигнат до премиерот и тој да ги злоупотребува.
„Не може он (премиерот) да мафта со докази во постапка, со наводни фалсификати и да ги покажува на телевизија. Тој документ морал да биде кај обвинителот“, потенцираше Калајџиев.
Ако сака да се покаже Мицкоски дека има намера да се бори со криминал, рече професорот, нека повели: „Сега има шанса да се остави да се избере вистински професионалец за обвинител. Сѐ додека партиите како и досега си ги бираат и си ги разрешуваат по своја мерка, сѐ е фрлање прашина во очи“.
За професорот Калајџиев има доволно индикации дека „истрагаата за пожарот во Кочани е контаминирани со дневна политика и во тоа особено пречи селектиовноста.
„Не може да се инсистираа да се затвораат полициски службеници од 2023, а новите да ги суспендирате и да речете дека тие не се виновни однпаред“, рече Калајџиев.
Професорот по кривично право на Правниот факултет на УКИМ вели дека се обиодува да го сврти вниманиено на некои правни постулати кои мора да се почитуваат, како што е мерката притвор.
„Меѓународните стандарди, како и домашните, притворот го применуваат како крајна нужност, познато како ultima ratio во правната постапка, а ние им ја ограничуване слободата на луѓето за кои што уште не е докажано дека се виновни. Тоа значи дека гледаме дека правото не се почитува бидејќи теоретски е невозможно сите осомничени, 34, да се стават во притвор. Тоа се луѓе коишто се дел од некоја мафијашка или терористичка организација, или организација за трговија со дрога или луѓе“, посочува Калајџиев.
Без разлика на притисокот на тежината на трагедијата и на притисокот на јавноста, треба да се покаже треба да се покаже внимателност.
„Премиеерот не треба да ја води борбата со мафијата. Тој има судир на интереси. Тој е лидер на политичка партија, а јас тврдам дека во партиите е леглото на корупцијата. Мотивот да се влезе во политика е корупцијата. Луѓето влегуваат за да се вработат, за да добијат тендер, ги финансираат партиите заради идните тендери, лиценци и што ти не“, рече Калајџиев во јавувањето на Радио Канал 77.
Калајџиев вели дека не е оптимист во однос на истрагара, затоа што, според него, наместо да се водат професионални истраги, во нив се меша дневна политика, општа политика, притисок на јавноста.
„Ние сега гледаме тројца во истрагата. Кој стигне држи прес. Премиерот држи прес, он објаснува, па МВР држи прес и објаснува, па обвинителот. Да не коментирам оваа беда од ситуации каде што собираат поени со посети на болници. Кривично дело е да влезете на интензивна нега. И тоа е опасност по животот на луѓето. Нема зошто да влегуваат во болници“, рече професорот по кривично право д-р Гордан Калајџиев во гостувањето на радио емисијата „Стадион“ на Канал 77.