Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Касами одвои 40.000 евра од Буџетот на Тетово за Албанската академија на науките

Тетовскиот градоначалник Билал Касами најави дека општина Тетово ќе одвои 40.000 евра од општинскиот буџет за финансирање на т.н. албанска академија на науките, која се формира со поддршка на четирите општини раководени од Вреди. Оваа одлука доаѓа по прелиминарниот договор меѓу Академијата и општините, кои ја презедоа одговорноста за нејзиното финансирање. Освен Тетово, слична поддршка најавија и градоначалниците на Чаир, Гостивар и Желино, но засега не е објавено колку пари ќе одвојат од нивните буџети.

Поддршката за Академијата следи по средбите на лидерите на Вреди – Касами, Изет Меџити, Арбен Таравари и Зеќирие Ибрахими, со „Академското здружение за наука и уметност на Албанците“. Паралелната академија се соочува со критики од владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, опозициските партии СДСМ и ДУИ, како и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), која ја нагласува важноста на единствената национална академија за научниот и уметнички развој.

„Академското здружение“ тврди дека формирањето на албанската академија е резултат на долгогодишната инертност на МАНУ и дека не е насочено против државната академија, туку има за цел да ја обедини автентичната албанска мисла во општествениот развој.

Зачлени се на нашиот е-билтен