Лидерот на Беса Билал Касами го коментираше излегувањето на АА и Арбен Таравари од Владата и заминувањето во опозиција. .
Според Касами, Арбен Таравари избрал да ја игра улогата на тројански коњ и цело време правел притисок одвнатре за да нема резултати. На прашањето како го коментира ставот на Таравари, кој тврди дека дури 70% од етничките Албанци се незадоволни од позицијата на ВЛЕН во Владата, Касами го обвинува токму Таравари како извор на проблеми во коалицијата. Пред доаѓањето на Таравари во коалицијата не се зборуваше за поделби, туку за соединување, рече, меѓудругото, Касами.
Во однос на бројот на пратениците, лидерот на Беса тврди дека наскоро, можеби уште во текот на оваа недела, ќе се зголеми бројот на пратеници кои ќе мигрираат во владејачкото мнозинство.
-Можам да гарантирам дека веќе сме во сериозни преговори со повеќе пратеници и од албанската опозиција и од другите членови на другите заедници кои се дел од сегашниот „Европски фронт“, рече Касами.
Кога ќе се отвори вратата, ако некој излезе, посочува тој, можноста за повеќемина да влезат е голема и затоа може да гарантира дека оваа влада ќе ја зголеми поддршката во Парламентот.
На новинарско прашање како владејачкото мнозинство очекува да има бадентерово мнозинство во Собранието, имајќи предвид дека и досега имаа проблем со т.н. „голем бадендер“, Касами вели дека може да гарантира оти со новата комбинаторика ќе имаат бадентер бидејќи во владејачкото мнозинство ќе има повеќе пратеници од другите етнички заедници во државата кои се потребни за бадентер.