Локална самоуправа Кавадарци распредели 35 милиони денари за спортски клубови и здруженија од општината. На денешната средба со градоначалникот Митко Јанчев претставници на спортските клубови и здруженија беа информирани за распределбата согласно програмата за активностите на Општина Кавадарци за спорт и млади во 2025 година.

Меѓу другите, Градски фудбалски клуб Тиквеш 1930 Кавадарци согласно програмата за работа во 2025 година, добива финансиска поддршка во износ од 9.000.000,00 денари. Градски ракометен клуб Тиквеш 2014 Кавадарци, финансиска поддршка во износ од 10.000.000,00 денари.
– Се надеваме дека со ова ќе ги поттикнеме за уште поголеми успеси. Затоа што тие се наши амбасадори, нашата гордост и секогаш ќе ја имаат нашата поддршка. Кавадарци е спортски град, рече меѓу другото Јанчев.
Градоначалникот Јанчев се осврна и на идните активности за развојот на спортот во општината.