Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ги известува граѓаните дека денеска, 19 јануари, по повод верскиот празник Водици, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.
Сообраќајни измени:
–
-Центар: Улицата „Филип Втори Македонски“ ќе биде затворена од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со улицата „11-ти Октомври“ во двете насоки.
-Кисела Вода: Улиците „14-ти Декември“ и дел од улицата „Христо Татарчев“ до спортската сала „Расадник“ ќе бидат затворени за сообраќај.
– Ѓорче Петров: Сообраќајот ќе биде ограничен на трасата од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански Одреди“, улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“.
Дополнително, улицата „Козле“ и дел од улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар ќе бидат затворени.
Граѓаните се замолуваат да ја следат поставената сигнализација и упатствата од полициските службеници за да се избегнат непотребни застои.