Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека никаква политичка агенда во намалување на прагот на репрезентивноста на синдикатите, туку дека тоа било резултат од разговорот на последната средба со сите синдикати. Мицкоски даде одговор на новинарско прашање, зошто со законски измени се намалува условот за репрезентативност на синдикатите. Откако истече рокот во кој ССМ е репрезентативен синдикат Владата го држеше прашањето замрзнато.
„Тоа беше резултат од разговорот од последниот пат кога бевме со сите синдикати, реално имаме два синдикати во Македонија, коишто се на терен. И тие два синдиката – за да нема кој е внатре, кој не е внатре, па за да нема кој има резпрезентативност, кој нема – сите да бидат во рамките на Економско-социјалниот совет и да има еден дијалог, којшто ќе се случува таму. Така што тоа не е нешто коешто е некаква политичка агенда, изјави Мицкоски.
До македонското Собрание доставен е предлог од досегашните дест отсото од вкупниот број на вработени во земјава, на синдикалните здруженија во иднина ќе им биде доволно само пет отсто од вкупниот број на вработени. Група на пратеници веќе ги имаат доставено предлог-измените во Законот за работни односи.