19-годишната девојка, која утринава беше приведена на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид е ќерка на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Марчевска, дознава Рацин.мк од свои извори.
При рутинска контрола, во нејзината торба биле пронајдени девет куршуми со калибар 7,65 милиметри.
Марчевска беше кандидат за пратеник во изборна единица 6, а е дел од ОК ма ВМРО-ДПМНЕ во Јегуновце.
Од Министерството за внатрешни работи до објавувањето на текстот не одговприја дали девојката со иницијали М.М која е од тетовското село Жилче е роднински поврзана со пратеничката Марчевска.
Во полицискиот билтен пишува дека девојката била запрена на излез од државата во 07:20 часот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Во тек е истрага за потеклото на муницијата и мотивите за обидот да ја изнесе од државата.