„Кликни јади“ ги прекинува услугите на неопределено

„Кликни Јади“, компанијата која врши достава на храна од многу ресторани во Скопје, објави на својата веб страница и на мобилната апликација дека ги прекинува услугите на неопределено.

„Почитувани корисници, Нашата услуга за достава ќе биде привремено прекината од денес, за неопределен временски период. Благодариме на разбирањето“, стои на врвот на нивните интернет платформи.

Сега засега нема детали за оваа одлука на „Кликни Јади“.

Сервисот „Кликни Јади“ е основан на почетокот на 2015 година и до денеска имаше на услуга за достава на храна од 300 ресторани во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен