Кочани, не сте сами – „Кој е следен?“ викендов на „Маршот за Ангелите“

Граѓанското движење „Кој е следен?“, најави дека во сабота, ќе се придружат на маршот во Кочани, кој го организираат родителите на загинатите деца.

„Граѓаните на Кочани протестираат макотрпно секоја недела и потребна им е нашата поддршка! Сега е моментот да покажеме дека сме еден народ, едно срце, една болка и една сила. Кочани, не сте сами. Македонија е со вас“, напишаа тие.

Посочуваат дека тргнувањето ќе биде организирано од две локации, паркинзите на хотлот „Хилтон“ и спортскиот центар „Јане Сандански“.

Зачлени се на нашиот е-билтен