Кочани во спомен на загинатите во „Пулс“: „62 ангела – вечна светлина во нашите срца“

„62 ангела – вечна светлина во нашите срца“

Под мотото „62 ангела – вечна светлина во нашите срца“ вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани се одржа настан во спомен на загинатите во „Пулс“, несреќа со 62  починати, претежно млади и над 200 повредени.

Се палеа свеќи во форма на крст и срце во чест на починатите, а околу 21 часот во воздух одлетаа 62 балони со имињата на жртвите, по што присутните граѓани со мобилните телефони направија ѕвездено небо и испратија светлина кон височини за 62 згаснати животи.

Овој настан имаше комеморативен и хуман карактер,  беше чин на љубов, почит и сеќавање. Кочанчани се обединија во болката и во љубовта кон оние кои секогаш ќе живеат во нивните срца. 

Палењето свеќи за помен на починатите 62. млади животи ќе трае до полноќ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен