Кога градот не сака, реагираат граѓаните: Избришан говор на омраза пред студентски

омраза

Кога градот не сака, реагираат граѓаните. Јили Пачуку, заменик претседател на ЕЛСА, македонската асоцијација на студентите по право и членка на европската мрежа, го направи она што градот одамна требаше да го направи. Избриша „графит“ со говор на омраза на автобуската спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“.

За оваа своја иницијатива тој на социјалните мрежи напиша:

„Овој натпис со омраза на автобуската постојка пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ со денови кружеше по социјалните мрежи. Чекав да го исчистат, но како што сè уште стоеше, едноставно го исчистив сам.

Не е ништо големо, само не сакам секој ден да поминувам на место каде и самиот сум чекал автобус порано и да гледам зборови што немаат место во студентски простор, ниту во овој град.

А што се однесува до тие што ги пишуваат ваквите… можеби е време да инвестираат повеќе во умот отколку во маркери“.

Зачлени се на нашиот е-билтен