Адвокатот Жарко Стеваноски, кој ја застапува директорката на средното училиште „Крсте П. Мисирков“ Маја Лозановска, објави соопштение во кое најавува дека на 12 август 2025 година, во 09,30 часот заедно со директорката на училиштето ќе се јават во просториите на МВР-ОВР Демир Хисар на поканата за информативен разговор.
Стеваноски информира дека по завршување на информативниот разговор ќе побараат од началникот на ОВР Демир Хисар во негово присуство да одат заедно во училиштето со цел да се констатира кој обил во просториите на училиштето на ден 08.08.2025 година, а воедно и да се расчистат спорните прашања околу законитоста во постапката за да се издејствува наредбата за претрес, односно да се потврди врз основа на чија пријава и врз основа на какви докази ОВР Демир Хисар го сторило веројатен основот за сомневање за сторено кривично дело пред ОЈО Битола врз основа на кој била издадена наредбата за претрес.
Соопштението, водено, е и покана до медиумите да дојдат пред ОВР Демир Хисар, а потоа и во просториите на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Општина Демир Хисар, за да ги добијат целосните и детални информации поврзани со предизборниот обид за разрешување на директорот од страна на Градоначалникот на Општина Демир Хисар, како што се наведува во соопштението.