Кој е Горан Антевски кој купи 1000 акции на Комерцијална банка?

Деновиве Комерцијална банка извести дека Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекнал со 1000 обични акции издадени од банката.

„Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 1000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, пишува во нивната објава, споделена со инвеститорската јавност преку Македонска берза.

Од соопштението не може да се утврди кога и по која цена Антевски ги купил акциите.

Според последната берзанска официјална дневна листа, акцијата на Комерцијална банка вреди 29.061,79 денари

Горан Антевски, веќе 18 години, од 2006 година, е на чело на раководството на една од најголемите компании во електро секторот, Раде Кончар-ТЕП како Генерален директор. Но, искуството како успешен бизнисмен и експерт во дејноста му се протега многу повеќе од само 18 години.

Работното искуство на Антевски започнува во 1996 година во Смелтинг, кое трае 3 години, но неговата бизнис приказна во Раде Кончар започнува уште во 1998 година како Раководител на оператива, потоа во 2002 година е поставен за Извршен директор на А.Д. Раде Кончар-Апаратна техника, во 2004 е назначен за Директор на развој во Раде Кончар-Сервис, а во 2006 до денес е Управител на Раде Кончар-ТЕП со целосна организација на работењето на компанијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен